КАЗАБЛАНКА

ПРОИЗВОДСТВО НА 100% МАКЕДОНСКИ ТААН

ПРОИЗВОДИ

ТААН

Таанот произведен од Казабланка е од специјално селектирано, високо квалитетно сусамово семе. При процесот на изработка сусамот се лупи, мие, суши, потоа се пече , се изладува и на крајот се меле. Таанот произведен од Казабланка е од 100% сусам и нема додатни состојки.

ИНТЕГРАЛЕН ТААН

Интегралниот таан кој го произведува Казабланка е од цело зрно сусам кое што се лупи, мие, суши, потоа се пече , се изладува и на крајот се меле. Таанот произведен од Казабланка е од 100% сусам и нема додатни состојки.

СУСАМ - Лупен и Сиров

Лупениот сусам во главно се користи во пекарската и кондиториската индустијра (за производство на енергетски барови). Сировиот сусам во главно се користи за производство на ТААН, и како додаток во исхраната со големи нутритивни вредности.

За Казабланка

Казабланка е основана во 2000 година како продолжение на стара фамилијарна традиција. Казабланка како компанија од средна големина се занимава со производство на ТААН и преработка на сиров и лупен сусам. Компанијата започна со производство и продажба на таан во 2005 година.

Казабланка го снабдува Македонскиот пазар и исто така врши извоз во Република Србија, Косово, Грција, Хрватска и Австралија. Продажбата се врши на големо во рефус и пакован производ во тегла, а исто така имаме и сопствена продавница во Кавадарци, Република Македонија, каде што го снабдуваме локалното население.

Покрај производство и процесирање Казабланка исто така врши и дистрибутивни услуги како на територија на Република Македонија така и во странство.

Нашата визија е да се зголеми асортиманот на дополнителни производи кои содржат ТААН, како и производство на Алва, Хумус, преливи за салати и Ладно Цедено Сусамово Масло.

Галерија

Наша статистика

80 +

Големопродажни Снабдени Маркети

50 +

Снабдувања на малопродажни маркети

200 +

Тони произведен таан годишно

250 +

Тони процесиран сусам годишно

КЛИЕНТИ